Претставници на Техеран и Ербил денеска соопштија дека се отворени сите три гранични премини помеѓу Иран и Ирачки Курдистан.
Граничните премини беа затворени на барање на Багдад, откако кон крајот на септември во Ирачки Курдистан се одржа референдум за независност.
Затворањето на граничните премини имаше негативни последици по економијата на Ирачки Курдистан.