Во Ливерпул неодамна беше отворена прва патека за брзи пешаци, откако една анкета покажа дека 47 отсто Британци на улиците во шопинг зоните најмногу ги иритира бавното одење.
Истражувањето открило дека луѓето особено ги нервира кога пешаците ноншалантно зборуваат на средина од тротоарот, кога мораат да се пробиваат низ толпа купувачи или било какво друго однесување кое предизвикува блокирање на тротоарот. Гледањето во телефонот во текот на одењето по тротоар претставува извор на фрустрации за 18 отсто луѓе, наведуваат истражувачите.
Меѓутоа, се чини, дека оваа идеја е значително попоуларна меѓу младите граѓани, со оглед на фактот дека е поддржана од 69 отсто жители на возраст меѓу 16 и 24 години, во однос на 37 отсто во групата граѓани постари од 55 година.
Ова не е прв проект од ваков вид – во Белгија во јуни беше отворена првата патека за зависници од мобилни телефони.