Отстранувањето на Судан од листата на САД ќе го олесни надворешниот долг

Од:

Отстранувањето на Судан од американската листа на земји кои го спонзорираат тероризмот ќе и ги отвори вратите на земјата да го олесни надворешниот долг од 60 милијарди долари, изјави премиерот на Судан, Абдалах Хамдок.

Хамдок имаше говор птреку државната телевизија откако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека САД ќе го отстранат Судан од списокот, што претставува голема пречка за земјата во нејзините односи со меѓународните институции.

Трамп нагласи дека ќе го отстрани Судан од списокот на земји што финансираат тероризам, откако новата влада на таа земја исплати повеќе од 335 милиони долари обештетување на американските жртви.

– Новата влада на Судан, која бележи голем напредок, се согласи да исплати 335 милиони долари на американските жртви на тероризам и нивните семејства, напиша претседателот Трамп на својот профил на Твитер. Тој додаде дека кога парите ќе бидат уплатени, ќе го избрише Судан од списокот на земји што го спонзорираат тероризмот.

Би можело да ве интересира

Двајца кинески државјани загинаа во авионската несреќа во Вашингтон

Пронајдени се црните кутии во остатоците од авионот на „Американ ерлајнс“

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Најмалку 20 лица загинаа во авионска несреќа во Судан

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски