Откриени тајни воени планови на САД за Украина, Пентагон истражува

Од:

Оваа недела на социјалните мрежи беа објавени тајни воени документи со детали за плановите на САД и НАТО за зајакнување на украинската војска пред планираната офанзива против руските сили, потврдија за Њујорк Тајмс високи претставници на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

Пентагон истражува кој би можел да стои зад обелоденетите документи кои се појавија на Твитер и Телеграм, апликација со повеќе од 500 милиони корисници која е широко користена во Русија. Аналитичарите велат дека документите се чини дека се изменети од нивниот оригинален формат. Во протечените верзии на документите, проценките на САД за украинските жртви се претерани, а руските се потценети, според аналитичарите со кои разговараше NYT.

Модификациите укажуваат на можен обид за ширење дезинформации насочени од Москва, според аналитичарите. Но, објавувањето на дел од оригиналните документи, кои вклучуваат фотографии од графикони на очекуваните испораки на оружје, проценки на силата на баталјонот и други планови, претставуваат значително нарушување на безбедноста од страна на американските разузнавачки служби, пишува весникот.

Претставниците на администрацијата на Бајден работат на отстранување на документите од социјалните мрежи, но доцна во четвртокот вечерта, тие не успеаја целосно.

„Свесни сме за извештаите за документи на социјалните мрежи, Пентагон истражува за што се работи“, изјави портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг за NYT.

Нема конкретни борбени планови во документите во кои се наведува како, кога и каде Украинците планираат да ја започнат својата офанзива, за која американските власти велат дека е „веројатна“ во текот на следниот месец. Документите, пишува NYT, се стари околу пет недели, така што тие даваат американски и украински поглед на офанзивата која датира од околу 1 март, односно преглед на она што може да им треба на Украинците за офанзивата.

Сепак, според обучените очи на руските воени планери, генерали или разузнавачки аналитичари, тие документи би можеле да обезбедат мноштво информации што тие дотогаш ги немале. На пример, документите ја забележуваат брзината со која Украинците ги трошат ракетите за HIMARS, напредниот американски систем за ракетни фрлачи со повеќе цевки, кој Украинците можат да го користат за напад на цели како што се складишта за муниција, инфраструктура или концентрации на воен персонал од голема далечина.

Пентагон сè уште јавно не објави колку брзо Украинците трошат муниција за ХИМАРС, но во документите кои протекоа експлицитно тоа го наведуваат. Аналитичарите утринава рекоа дека е тешко да се процени влијанието на објавените документи врз развојот на ситуацијата на фронтот, и сега и во наредните месеци.

Нејасно е како документите завршиле на социјалните мрежи. Но, она што е познато е дека про-Кремљ каналите почнаа да ги споделуваат, според воените аналитичари, кои предупредуваат дека документите објавени од руски извори можеби се селективно модифицирани за да се претстават дезинформации поддржани од Кремљ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Германец осуден на смрт се појави на белоруската телевизија, во солзи го моли Шолц за помош

Предраг Петровиќ

Украина губи 2.000 војници дневно

Предраг Петровиќ

Приближно 32 отсто од Украинците се подготвени на територијални отстапки кон Русија за да се стави крај на војната

Руските сили ја презедоа контролата

Ако победи Трамп, финансискиот товар за помош на Украина ќе се промени на штета на ЕУ тврди Орбан

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се шири снимка: „Украинец во цивилна облека истрела крстаречка ракета кон Русите од рамо“