Откриени се три масовни гробници во Ирак

Од:

Во ирачката западна провинција Анбар пронајдени се три масовни гробници со тела на цивили и припадници на вооружените сили, соопштија денеска локалните претставници.

Засега не е наведено колку точно тела се пронајдени во гробниците, но прецизирано е дека жртвите се убиени од страна на припадниците на Исламската држава.

– Земени се примероци од гробницата и потврдено е дека телата припаѓаат на цивили и војници, објасни анонимен локален претставник.

Ирачките безбедносни сили се распоредени на локацијата за да се заштитат гробниците, а тимовите од форензичари од Багдад треба да пристигнат на местото во текот на наредните денови.

Претставникот на „Одборот за маченици“ за провинцијата Анбар, Амар Нури ел Дулами изјави дека прелиминарните откритија укажуваат дека жртвите се застрелани во главите, како и дека убиствата ги извршиле припадниците на ИД.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак