Шпанската полиција ја откри најголемата плантажа со канабис во Шпанија, во реонот на градот Албасете, во југоисточниот дел од земјата, при што се уапсени и шест лица.
На плантажата се засадени околу 75.000 растенија канабис со вкупна тежина од пет тони. Таа е откриена среде фарма со плоштина од три хектари.
Според шпанските медиуми, плантажата би можела да биде и најголемата во Европа.