По падот на патнички авион во Казахстан, кој патувал од Баку за Грозни со 72 лица, се појавија информации за причината за несреќата. Како што пишуваат азербејџанските медиуми, авионот налетал на јато птици. Подоцна се појави информација дека авионот бил пренасочен кон аеродромот во Махачкала поради густа магла, но дошло до несреќа на само три километри од аеродромот Акатау.
Според првичните информации, бројот на преживеани е поголем од 10. Првите повредени се примени во болница.
Генералниот конзул на Азербејџан во Акатау, Ајкан Сулејманли, рече дека засега „не можат ништо да кажат“.
„Нашите вработени се таму и јас сум на пат. Не можеме да кажеме ништо со сигурност. Не знаеме ништо во моментов“, рече тој.
На социјалните мрежи се појавија првите снимки од падот на патничкиот авион во Казахстан, кој летал од Баку за Грозни. На лице место одекнала експлозија која во моментов ја гаснат голем број пожарникари.
Во гаснењето на пожарот во близина на градот Акатау, во Казахстан, учествувале 52 пожарникари и 11 противпожарни возила. За ситуацијата во моментов е загрижено Министерството за вонредни ситуации на Казахстан, кое засега нема информации за жртви.