Откриен таен прирачник на џихадистите

Од:

Британски „Дејли меил“ повикувајќи се на информации од неименуван извор од полиција, пренесе дека полициски сили пронашле таен прирачник со инструкции до кои се придржуваат војниците на Исламска држава.

Во манифестот од 268 страници, чие име е „Управување со дивјаштво“, се наоѓаат планови на теористите, а еден од нив е и инфилтрирање во британската војска и полиција, од каде што треба да се спроведат брутални напади. Творец на документот во кој се споменуваат злосторствата на џихадистите, обезглавувањата на британските заложници Дејвид Хеинс и Алан Хенинг, како и стратегијата за напад на Обединетото Кралство е влијателниот милитант Абу Бакр Наџи.

Инаку според наводите на неименуваниот извор, во прирачникот се нагласени инструкциите за напади на туристичките локации, ширење на пропагандата за страв, блокада на нафтните полиња, како и константни напади на стратешки позиции на западните држави. Поради документот кој открива информации дека во Британија живеат и работат агенти на ИСИС кои чекаат наредба да извршат терористички напади, е зголемена контрола на повеќе од илјада нови лица, за кои постои сомневање дека имаат врска со џихадистите.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Уапсено уште едно лице за планирање џихадистички напад во Париз, кон крајот на 2021 година

А1он

Исламски џихад влегува во војна со Израел по убиството на воениот командант Абу ел-Ата

Ана Ололовска

Стотици џихадисти подготвени за напади во Европа

Емир Латифовиќ

Исповед на еден џихадист-покајник

Емир Латифовиќ

Меѓународна конференција за борба против феноменот на странски џихадисти

Емир Латифовиќ

Договорена соработка меѓу држави од Централна и ЈИЕ во борбата со џихадистите

Емир Латифовиќ