Откриен софтвер што може да урне електрична мрежа

Од:

Истражувачи од Словачка и САД открија, односно детектираа тн. штетен софтвер кој може да уништи цела електрична мрежа, наведувајќи дека веројатно токму тој малвер е одговорен за кусиот прекин на струја што се случи во Киев кон крајот на минатата година.

Компаниите за кибер безбедност, словачката ЕСEТ и Драгос од американската држава Мериленд, соопштија дека овој малвер може да ги контролира прекинувачите и струјните кола, што е загрижувачки и претставува можна закана за обезбедувањето на доток на струја, коментираат експертите.

– Потенцијалното влијание на еден ваков малвер е огромно. Не е ограничен само на Украина. Индустрискиот хардвер со кој оваа штетна програма е во контакт, се користи во критични инфраструктури низ светот, изјави Роберт Липовски од фирмата ЕСЕТ.

Според него, малверот може на неколку дена да ја прекине електричната енергија во одреден регион, но не и во цела држава.

– Со одредени модификации, штетната програма може да напаѓа и други видови инфраструктура, како што се транспортната, водоводната и гасната, додава тој.

Би можело да ве интересира

Романски хакери украле над 106 милиони евра од сметките на 708 луѓе во Европа

А1он

Укринформ: Украински сајбер експерти ги хакирале серверите на руската Дума и на Уставниот суд

Хакери ја нападнале фирмата „Пристаниште Риека“, украле голем број доверливи информации

Хакери влегуваат во сметките на граѓаните, над 5.000 измамнички трансакции за една година во Македонија

Агенти на тајната единица 29155 вршат сајбер напади во земји членки на НАТО и ЕУ

Загреб: Хакерите ги оставија пациентите без зрачење, а сега се уште бараат откуп за украдените податоци

Горан Наумовски