Откриен идентитетот на напаѓачот од Минхен

Од:

Напаѓачот, кој уби девет, а повреди 16 посетители во трговскиот центар „Олимпија“ во Минхен, според локалните медиуми, е Али Давид Сонболи, јави дописникот на МИА од Берлин.
 
Во согласност со германските закони за објавување лични податоци полицијата напаѓачот го именува како Давид С. 
 
Напаѓачот имал двојно државјанство, германско и иранско, а предходно не бил заведен во полициските досиеа како престапник ниту како потенцијален член на терористички групи.
 
Според неговите соседи тој бил повлечено, срамежливо и многу мирно момче, кое ретко ги отпоздравувало своите соседи.
 
Во Минхен се доселил пред околу две години а мотивите за неговиот напад за полицијата сеуште се целосно нејасни.
 
Според дел од медиумите тој во детството бил вербално злоставуван на училиште што може да биде причина за нападот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Најмалку седуммина повредени во пожар во дом за стари лица во Минхен

(ВИДЕО) Пожар во Минхен: Гори зграда, пламените јазици проголтуваат се пред себе

Горан Наумовски

Замрзнат дожд падна во Минхен, замрзнати писти на аеродромот, сите летови одложени

(ВИДЕО) Хаос во Минхен: 30.000 куфери расфрлани низ аеродромот

А1он

Климатски активисти ги блокираа аеродромите во Минхен и во Берлин

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Гостите на Октоберфест во Минхен скокаа од радост кога ја слушнаа „Каљинка“

Горан Наумовски