Авионските летови од и до австралискиот аеродром Дарвин денеска се откажани поради активирање на вулкан на индонезискиот остров Сангеан.
Метеоролошката служба соопшти дека вулканска пепел се движи во правец југ-исток, загрозувајќи го северниот дел на Австралија.
Двете најголеми австралиски авиокомпании Квонтас и Вирџинија соопштија дека летовите од и до аеродромот Дарвин ќе бидат откажани додека не се обезбедат сигурни услови.