Ниту една од политичките партии во Ирачки Курдистан не предложи кандидати, поради што изборите за претседател и за регионалниот Парламент ќе бидат одложени, соопшти изборната комисија на Курдистан.
Изборите требаше да се одржат на 1 ноември, а рокот за поднесување кандидатски листи беше поставен минатата недела, а потоа продолжен до денеска.
Ирачки Курдистан се соочува со безбедносна криза по референдумот за независност и офанзивата на ирачката армија која притиска на границите на овој регион. Ирачките Курди се и политички поделени, меѓу фракција која се залага за независност од Ирак и политичари кои сметаат дека регионот мора да постигне компромис со властите во Ирак, како и со соседен Иран.