Еврокомесарот Гинтер Отингер изјави дека британското писмо со кое започнува двегодишната процедура за Брегзит е „негативна порака за Европа во целост, а посебно за Велика Британија“.
Отингер нагласи дека очекува „долги тешки преговори во наредните недели и месеци“.
Со писмото за активирање на членот 50 од Лисабонскиот договор, потпишано од страна на британската премиерка Тереза Меј, што денеска треба да биде доставено до Брисел, официјално започнува процесот на Брегзит.