Отфрлено барањето на Нетанјаху за поставување камери на избирачките места

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не успеа во намерата да се легализира поставувањето камери на избирачки места со цел да се спречат изборни измами во арапските области.

Парламентарниот комитет го отфрли денеска предлог законот пред пленарната седница на Парламентот. Нетанјаху се залагаше законот да биде усвоен една недела пред изборите. Тој ги обвини противниците за заговор за „изборна кражба“.

Израелскиот премиер инсистира дека предлог законот е акт на транспарентност. Документот е критикуван со образложение дека Нетанјаху промовира расизам и негативно однесување кон арапската малцинска заедница.

Нетанјаху се повеќе ја прифаќа тактиката на американскиот претседател Доналд Трамп, критикувајќи ги медиумите, судството, полицијата и политичките противници, тврдејќи дека постои „заговор на елитата“ да го соборат од власт.

Кабинетот на израелскиот премиер го одобри вчера предлог законот со кој се одобрува поставување камери на избирачките места за време на изборите кои ќе се одржат следната недела, а неговите противници тоа го сметаат за заплашување на гласачите Арапи.

На претходните избори партијата Ликуд на Нетанјаху испрати монитори опремени со камери во неколку избирачки места каде има мнозинство арапски гласачи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Терористички напад во трговски центар во Израел: Застрелани двајца млади, напаѓачот е убиен

ВИДЕО: Ултраортодоксните Евреи фрлаа камења кон автомобилот на израелски министер

Илјадници граѓани на улиците на Израел бараат нови избори и враќање на заложниците

Горан Наумовски

ОН го обвинија Израел за „систематски напади“ врз болниците

Вашингтон пост: Од почетокот на војната, САД му дадоа на Израел 6,5 милијарди долари помош

Горан Наумовски

Врховниот суд на Израел нареди регрутирање на ортодоксните Евреи во војска