Отфрлена одлуката на Бајден за заложителна вакцинација или тестирање во приватните компании

Од:

Сенатот на САД, во кој мнозинството имаат Демократите, ја прифати мерката предложена од Републиканците со која би се поништила одлуката на претседателот Џо Бајден да воведе задолжителни вакцини или тестирања во приватни компании.

Двајца демократски пратеници се приклучија на иницијативата на Републиканците, која на тој начин беше изгласана со 52 гласа „за“ и 48 „против“, пред да биде испратена во Претставничкиот дом.

Со усвојувањето на законот ќе се отфрли мерката на администрацијата на Бајден која предвидува задолжителна вакцинација или тестирање на коронавирус за сите вработени во компаниите со повеќе од сто вработени и ќе опфати милиони вработени.

Просто мнозинство од 51 глас е доволно за да се изгласа мерка во Сенатот. Двајца демократи – Џо Манчин од Западна Вирџинија и Џон Тестер од Монтана – им се придружија на50 републикански пратеници во гласањето за предлогот.

– Отсекогаш сум ја поддржувал задолжителната вакцинација за вработените во јавните служби и војската, бидејќи тоа е прашање од национално значење, рече Манчин по гласањето. – Но, јас не поддржувам задолжителни вакцини во приватни компании. Федералната влада не може да им одреди на сопствениците на приватни компании како да ги заштитат своите вработени од Ковид -19 и како да го водат својот бизнис, рече тој.

Манчин додаде дека е вакциниран со две дози од вакцината и дека добил и бустер доза и ги охрабрува сите Американци да го сторат истото.

Републиканците велат дека се бомбардирани со повици од компании со 500 вработени кои стравуваат дека ќе мора да отпуштат работници кои се против вакцинирање и тестирање. -Тоа ги загрижи обичните луѓе и малите бизниси, рече републиканскиот сенатор Мајк Браун, кој го иницираше предлогот.

Белата куќа во вторникот соопшти дека обврската за вакцинирање или тестирање на вработените нема да биде товар за работодавците бидејќи огромното мнозинство Американци се целосно вакцинирани и дека правилото нема да важи за малите бизниси.

Би можело да ве интересира

Конгресот ги укина барањата за вакцинација против Ковид за странските патници

Ентони Фаучи, советникот на Бајден за ковид, позитивен на коронавирус

САД: Бројот на случаи на Ковид-19 е тројно зголемен за еден месец

Американските авиокомпании бараат укинување на тестирањето за вакцинираните против Ковид

Рекордни 1,13 милиони новозаразени со Ковид-19 за 24 часа во САД

САД го преполовија рокот за изолација за Ковид