Осум припадници на ирачките безбедносни сили, од кои петмина членови на одредот за борба со Ал Каеда, денеска загинаа во вооружени напади. Првиот напад се случи утрово кога вооружени напаѓачи отвориле оган врз контролен пункт во близина на градот Тикрит.
Во западниот дел на Ирак тројца војници од военото разузнавање биле нападнати во нивниот автомобил во близина на Рамади. Во престрелката војниците биле убиени, а двајца напаѓачи се повредени.