Осум загинати во земјотресот во Иран

Од:

Најмалку осум лица загинаа, а 20 се ранети во земјотресот со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала, кој го погоди источниот дел на Иран.

Земјотресот го погоди градот Зохан во провинцијата Хорасан, во близина на административниот центар на провинцијата Бирџанд и градот Гаен, чии жители во паника ги напуштиле своите домови.

Епицентарот на потресот се наоѓал западно од границата со Авганистан, околу 40 километри северно од градот Бирџанда, на длабочина од 5,4 километри, соопшти Сеизмолошкиот центар во Техеран.

Според локален претставник, земјотресот оштетил повеќе згради и предизвикал прекин на струјата и телефонските линии.

Бројот на жртвите во моментов не е потврден од иранското Министерство за внатрешни работи, кое е одговорно и за справување со природни непогоди.

Иако се со умерена јачина, земјотресите во Иран во минатото носеа илјадници животи, погодувајќи ги подрачјата каде куќите често се градени од кал.

Во земјотресот со интензитет од 6,6 степени според Рихтер кој во 2003 година го срамни со земја историскиот град Бам на југоистокот на земјата, загинаа околу 26.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Демир Капија

Катерина Ѓуровски

Заменик лидерот на Хезболах го напушти Либан, добил наредба од Иран итно да се евакуира

Земјотрес ја погоди Хрватска

(ВИДЕО) Техеран откри кој стои зад нападот со дрон врз резиденцијата на Нетанјаху

Израелски медиуми: „Иран се обиде да го убие Нетанјаху“

Горан Наумовски

Иран и Хезболах му се закануваат на Израел по убиството на лидерот на Хамас

Катерина Ѓуровски