Осум војници загинаа, а 13 се ранети во напад на екстремистичка група во Того

Од:

Најмалку осум војници загинаа, а 13 се ранети во напад од заседа изведен од екстремистичка група во северно Того во близина на границата со Буркина Фасо, соопшти денеска тогоанската влада.

Инцидентот е знак дека џихадистите кои имаат зголемени терористички операции во соседните земји ги прошируваат своите активности во Того.

„Група вооружени лица вчера утро направиле заседа во Кпинканканда во провинцијата Кпенџал, од каде ги нападнале одбранбените сили на Того“, се наведува во соопштението.

Во смртоносниот напад било оштетено оклопно возило, а џипот изгорел.

Досега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот, а владата на Того ги обвини „терористите“ за „кукавичкиот и варварски напад“.

Владата соопшти дека е одлучна во одбраната, дека безбедносните сили ќе ја заштитат земјата и дека се во потрага по вооружени терористички групи за да ги онеспособат.

Ова е втор ваков напад во Того во последната година. Војската и безбедносните сили го одбија нападот во ноември 2021 година во истата област без жртви.

Групите поврзани со Ал Каеда и групата Исламска држава вршат сè поголеми напади во регионот Сахел, особено во соседна Буркина Фасо.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку 33 војници загинаа во напад на џихадисти во Буркина Фасо

Ана Ололовска

Буркина Фасо побара повлекување на француските војници од нејзината територија

Ана Ололовска

Во Буркина Фасо пронајдени телата на 28 убиени

Грифитс: Глад во Буркина Фасо, некои жители јадат само листови

Ана Ололовска

Буркина Фасо: Соборениот лидер на хунтата Дамиба се согласи да поднесе оставка

Ана Ололовска

ЕУ го осуди новиот државен удар во Буркина Фасо, втор за осум месеци

Ана Ололовска