Осум војници и тројца цивили застрелани во Зеленортската република

Од:

Осум војници и тројца цивили, меѓу кои двајца Шпанци, беа застрелани во Зеленортска република вчера, соопштија локалните власти и медиумите.

Полицијата ги открила 11 трупа во касарна, во која биле сместени војници, кои обезбедувале комуникациска врска, како цивили, најмени за ремонтни работи на објектот. Во реонот бил пронајден и напуштен автомобил со осум калашњикови.

Убиените Шпанци биле техничари кои работеле во африканската островска држава. Другиот застрелан цивил бил локален жител, кој помагал на шпанската екипа.

Властите бараат војник, осомничен за масовното убиство.

Би можело да ве интересира

Се повлекуваат банкноти од 50 евра

Седум повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се транспортирани за Шпанија

Седум лица повредени во пожарот во Кочани се транспортираат во Шпанија

Политико: Португалија се откажа од купувањето Ф-35 поради Трамп

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени