Осум лица загинаа во ирачки воздушен напад врз џихадистички конвој во Сирија

Од:

Ирачката армија изврши денеска воздушен напад врз џихадистички конвој во Сирија, кој се обидувал да се приближи до ирачката граница, при што загинаа осум лица, соопшти ирачкото Министерство за внатрешни работи.

Ирачката армија прв пат презема одговорност за напад во Сирија од почетокот на конфликтот.

Ирачки хеликоптери нападнале конвој од камиони, кои се обидувал да влезе во Ирак, за да и достави гориво на сунитската џихадистичка групацијата Исламската држава во Ирак и Левант, изјави портпаролот на Министерството, бригадниот генерал, Саад Маан.

Би можело да ве интересира

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе

Масакр во Сирија: Убиени над 340 цивили, тврди Сириската опсерваторија за човекови права

Ердоган: Мора да бидеме подготвени на сите сценарија

Лавров: Русија ќе бара безусловно укинување на сите санкции за Сирија

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати