Осум лица повредени при експлозија во американска воена база во Њу Џерси

Од:

Осум лица се повредени, од кои еден се наоѓа во тешка состојба, при експлозија во американска военоморска база во американската сојузна држава Њу Џерси.


Експлозијата се случила во еден од објектите во базата Мидлтаун, на 75 километри од Њујорк, по што избувнал пожар, кој е локализиран. Во тек е истрага за причините за експлозијата, а на местото на инцидентот веднаш пристигнале спасувачки екипи.


Базата Мидлтаун се користи за складирање на муниција и за товарање и растоварање на носачи на авиони. Од неа бродови доставуваат бомби, ракети и муниција за носачите на авиони.


Во базата работат 1.500 лица. 

Би можело да ве интересира

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

Песков: Русија и САД имаат многу проблеми

Горан Наумовски

САД потврди дека севернокорејските војници сега активно се борат заедно со руските сили против Украина

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран