Осум лица осудени во Германија за овозможување илегална работа на интернет сајтови

Од:

Суд во германскиот град Трир денеска осуди осум лица за формирање илегален центар за обработка на податоци, сместен во поранешен воен бункер во западниот дел на земјата.

Во овој илегален центар се наоѓале таканаречени „хостови“ на сајтови што се користеле за продажба на дрога и други нелегални активности.

„Хост“ е уред поврзан на Интернет, што на корисниците им нуди простор за креирање интернет страници.

Центарот сместен во поранешниот бункер во Трабен-Тарбах, во Западна Германија, бил затворен во септември 2019 година по полициска рација.

Судот во Трир денеска ги осуди сите осуммината обвинети за формирање и членство во криминална организација. На крајот од судскиот процес, што траеше повеќе од една година, главниот осомничен беше осуден на затворска казна од пет години и девет месеци. Останатите се осудени на четири години и три месеци затвор, до една година условна казна.

Меѓутоа, сите осудени се ослободени од обвинението за соучесништво во околу 250.000 кривични дела, наводно сторени преку сајтовите чии „хостови“ биле чувани во центарот.

Би можело да ве интересира

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД

Мерц: Коалицијата на конзервативците и СПД е сигнал дека Европа може да се потпре на Германија

Во Германија формирана голема коалиција

Тела на маж и жена најдени во резервоар за ѓубриво на фарма во Германија

А1он