Флота од осум кинески бродови денеска влегла во јапонските територијални води во близина на спорните острови Сенкаку, од кои дел се под суверенитет на Јапонија од септември минатата година.
Јапонската крајбрежна стража потврди дека кинеските бродови утринава околу осум часот по локално време влегле во зоната од 12 наутички милји од малите острови Сенкаку, кои Кина ги нарекува Дијаоју во Источното Кинеско Море. Властите во Токио веднаш го повикале кинескиот амбасадор во Јапонија за да му упатат официјален протест.
Тензиите меѓу двете земји сериозно се заострија во септември минатата година, кога јапонската Влада ги купи трите спорни мали острови од приватни сопственици.