Осум членови на групата „Пинк Пантер“ осудени на затворски казни за кражби во бутици во Австрија

Од:

Австриски суд им одреди казни од шест до 12,5 години затвор на седум лица, обвинети дека се дел од бандата „Пинк Пантер“, меѓународна криминална организација што е специјализирана за кражби во златарници и скапи бутици, пренесоа француските медиуми.

Сите осудени се со српско потекло. Тие беа прогласени за виновни дека од февруари 2012 до март 2013 година на особено брутален начин ограбиле четири златарници во Виена и една во Салцбург.

Првообвинетиот е 36-годишен месар, кој со сатар нападнал еден од чуварите на златарниците, покажува снимка од видеокамера што била искористена како доказ.

Осмиот член, за кого се тврди дека е само возач на бандата, доби казна од три години и 8 месеци затвор.

Бандата „Пинк Пантер“ брои 220 членови, од кои повеќето се од поранешните југословенски републики.

Досега тие имаат ограбено златарници од кои однеле плен вреден 250 милиони евра.

Бандата беше крстена со ова име од англиски полицајци по кражбата во Лондон во 2003 година, кога тие сокрија дијамант во кутија за козметичка крема, како што се случува во еден од филмивите со „Пинк Пантер“ на Блејк Едвардс.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Милијардер делеше пари пред супермаркет – на 1.000 семејства им подели 150.000 долари

А1он

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

А1он

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ