Египетски суд им изрече различни пресуди на 115 приврзаници на Муслиманско братство, од кои 54 добија доживотен затвор.
Осудените се обвинети за учество во насилството минатиот август во провинцијата Мансур, што доведе до соборување од власт на претседателот Мохамед Морси.
Обвиненијата вклучуваат поттикнување на насилства и хаос, како и членство во забранетата група.
За време на судскиот процес пред судот демонстранти скандираа во поддршка на осудените, поради што полицијата мораше да интервенира со солзавец.