Oстров во Пацификот кој го има на картите всушност не постои

Од:

Островот во Јужен Пацифик, кој може да се пронајде на поморските карти, во атласите, па дури и на Гугл, не постои – тврдат австралиските научници.

Парчето земја, кое на мапите на Гугл се нарекува Песочен остров, се наоѓа помеѓу Австралија и Нова Каледонија, но научниците од Универзитетот во Сиднеј, кои отишле до островот, не пронашле ништо освен океан.

Како што пренесува Би-Би-Си, фантомскиот остров со години се наоѓа на сите карти.

„Сакавме да го видиме островот, бидејќи навигациските карти на бродот покажуваат дека водата во таа област е многу длабока, 1.400 метри“, вели научникот Марија Ситон, член на тимот.

„Островот се наоѓа на Гугл и на други мапи, па отидовме да го видиме, но остров немаше. Сите бевме навистина збунети и сето тоа е прилично необично. Како се нашол островот на мапите? Ние тоа не го знаеме, но ќе истражиме“, порачува таа.

Австралиските медиуми пренесуваат дека островот би требал да се наоѓа внатре во француските води, бидејќи е блиску до Нова Каледонија, но дека француските карти го немаат напишано тој остров.

Австралиската Хидрографска служба, која ги изработува наутичките карти на земјата, смета дека појавувањето на островот на некои карти е резултат на човечка грешка, која со години е повторувана.

Би можело да ве интересира

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Милијардер делеше пари пред супермаркет – на 1.000 семејства им подели 150.000 долари

А1он

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

А1он