Остра борба во семејството на основачот на „Икеа“

Од:

Тројцата синови на основачот на шведскиот гигант за мебел „Икеа“, Ингвар Кампрад, ангажирале врвни американски адвокати против сопствениот татко, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Тоа се тврди во книгата „Икеа на пат кон иднината“, што наскоро ќе излезе од печат.

Еден од авторите на книгата е Ленарт Далгрен, поранешен шеф на „Икеа“ во Русија.

Кога Кампрад “ја дал“ „Икеа“ на една холандска фондација во 1982 година, ги задржал таканаречените нематеријални права на заштитниот знак на компанијата, а што му овозможило надоместок базиран врз обрт.

 Во прашање биле само неколку промили, како што се наведува во книгата, но со текот на времето сумата пораснала на 20 до 30 милијарди шведски круни. Во легална смисла тие средства им припаѓале на синовите и со тоа започнала долга и тешка борба меѓу таткото и синовите.

На крајот Кампрад изгубил и го примил тоа мошне лошо, пишува шведскиот весник „Дагенс индустри“, пренесувајќи дел од тврдењата изнесени во споменатата книга.

Би можело да ве интересира

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност

Државјанка на БиХ e убиена во масовно пукање во Шведска, нејзин сонародник е тешко ранет

Горан Наумовски

Убиецот од Шведска кој направи масакр: Со години носеше качулка и ги држеше рацете преку устата

А1он

Млад маж од Босна и Херцеговина e ранет во пукањето во училиштето во Шведска

Горан Наумовски

Шведска: Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиштето во Оребро

Горан Наумовски

После масакрот во Шведска: Извршени се рации на повеќе локации во Оребро