Остин: САД и во текот на зимата ќе и испратат оружје на Украина

Од:

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека САД планираат да продолжат со снабдување со оружје и помош за Украина во текот на зимата.

Тој наведе дека помошта ќе му помогне на Киев да го одржи притисокот врз Русија, која ги повлече своите сили од градот Херсон во јужна Украина.

– Ќе го одржиме моментумот во текот на зимата за да може Украина да продолжи да ги консолидира придобивките и да преземе иницијатива на бојното поле, посочи Остин.

Неговата изјава е во пресрет на седмиот состанок на Контакт групата за Украина, на кој НАТО и земјите партнери ја координираат безбедносната помош за Киев.

– Тема на таа средба треба да биде и обуката на украинските војници, истакна Остин.

Досега САД на Украина и доставиле оружје и опрема во вкупна вредност од 18,6 милијарди долари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО