Вкупно 73 пратеници од блокот на шиитскиот лидер Моктада Садр, најважната формација во ирачкиот Парламент, синоќа поднесоа оставки, со цел да се изврши притисок за формирање влада, што земјата ја нема од парламентарните избори, одржани минатата година.
– Без волја ги прифативме барањата за оставки на нашите браќа и сестри, претставници на блокот на Моктада Садр, изјави претседателот на Парламентот, Мохамед ал Халбуси.
Според ирачкиот политиколог Хамзех Хадад, Парламентот допрва треба да ги прифати оставките со апсолутно мнозинство. Меѓутоа, ирачкиот Парламент е на годишен одмор до август, па неизвесно е како ќе се одвива состојбата понатаму.
Од предвремените парламентарни избори во октомври, кога движењето Моктада Садр се најде на врвот, заедно со сојузот на проирански партии, не успеаја да се договорат за именување премиер.
Парламентот трипати од почетокот на годината не успеа да го организира изборот за претседател на државата, што е прва фаза, пред да се именува премиер и да се формира Влада.
Извор: МИА