Оставка на тајванскиот премиер по поразот на локалните избори

Од:

Тајванскиот премиер Ѓан Ји-хуа денеска поднесе оставка откако опозицискиот кандидат Ко Венје победи на локалните избори во Тајпеј.

Со победата на Венје се става крај на 16-годишното владеење со градот на Националистичка партија Куоминтанг (КМТ). Изборите за градоначалник во Тајпеј претставуваат тест за довербата на прокинеската влада на претседателот Ма Јинг-џеу.

Денешната победа на 55-годишниот лекар е пораз за КМТ пред претседателските избори за помалку од две години. Од 1996 година досега, секој претседател на Тајван претходно бил градоначалник на Тајпеј.

Конечните резултати се уште треба да бидат потврдени од Централната изборна комисија.

Би можело да ве интересира

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

(ВИДЕО) Голема тепачка на седницата на тајванскиот Парламент

Горан Наумовски

Земјотрес во Тајван со јачина од 5,8 степени

Два силни земјотреси го погодија Тајван

Горан Наумовски