Оставка на шефицата на холандската дипломатија заради хаотичната евакуација од Авганистан

Од:

Холандската министерка за надворешни работи, Сигрид Кааг, вчера поднесе оставка по критиките од пратениците кои ја сметаат за одговорна за хаотичната евакуација од Авганистан.

-Домот смета дека владата постапила неодговорно…. Единствено што можам да прифатам се последиците од таа проценка како министер кој ја носи крајната одговорност, рече таа во говорот во парламентот.

Пратениците го прифатија предлогот во кој се истакнуваат критики до владата за неуспехот во евакуацијата на дел од Авганистанци и дека однапред не увидела дека талибанците би можеле многу брзо да ја преземат власта.

-Според моето разбирање на демократијата и нашата традиција на владеење, министерот мора да си замине доколку е осудена неговата политика. Затоа до Неговото Височество (кралот Вилем-Александар) ќе поднесам оставка од позицијата министер за надворешни работи, рече Кааг.

Таа од мај беше вршител на должноста министер за надворешни работи. По изборите во март, се уште не е формирана нова коалициска влада.

Се уште не е јасно, проценува ДПА, какви политички последици ќе има оваа оставка врз формирањето на владата.

И британскиот министер за надворешни работи, Доминик Рааб, ден претходно беше сменет од функцијата заради управувањето со авганистанската криза, додаваат француските медиуми.

Би можело да ве интересира

Холандската полиција уапси повеќе од 500 луѓе за време на протестите на активистите за климата

Сопствениците на кафулиња во Холандија сè уште можат да продаваат нелегално набавен хашиш

(ВИДЕО) Холандската полиција извести: Турист го „уапси“ напаѓачот од Амстердам

(ВИДЕО) Напад во Амстердам, најмалку петмина се повредени

Голем пожар избувна во центарот на Арнхем, изгореа десетина куќи

Горан Наумовски

Холандскиот министер за одбрана: Трамп не е добро информиран за војната во Украина

Горан Наумовски