Останува во сила наредбата за евакуација од реонот на оштетената брана во Калифорнија

Од:

Останува во сила наредбата за евакуација на приближно 200.000 лица, кои живеат во реонот под браната на највисокото вештачко езеро во САД, „Оровил“, чиј преливник опасно напукна.

Властите, меѓутоа, размислуваат што да се направи за луѓето да можат да останат во своите домови, изјави на прес-конференција шерифот на округот Бут, Кори Ханиа, цитиран од британските медиуми.

Калифорниските власти ја испуштаат водата од вештачкото езеро за да го намалат притисокот врз оштетениот преливник на браната, што се заканува врз јавната безбедност и е причина за вчерашната наредба за евакуација.

Ханиа изјави дека одлуката луѓето да се натераат да ги напуштат своите домови не била лесна и дека главната причина што надвладеала при нејзиното донесување била гарантирање на безбедноста на луѓето кои живеат во реонот на браната на езерото.

Според шерифот, во моментот се разгледуваат варијантите како населението да се врати во своите домови.

Ханиа, меѓутоа, посочи дека е можно да се нареди прво да се поправи преливникот на браната и дури потоа луѓето да бидат пуштени да се вратат во своите куќи, но не кажа и конкретни временски рокови.

Шерифот уште додаде дека над 500 затвореници од затворот во округот Бут биле безбедно префрлени во соседниот округ Аламида.

Документи на активисти за заштита на природата покажуваат дека уште во 2005 година алармирале за состојбата на преливникот на браната.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски

Паника во Америка: Изборните службеници добиле сомнителни пакети, случајот го истражува ФБИ