Основачот на „Шарли ебдо“ денеска упати критики за убиениот уредник на сатиричниот неделник Стефан Шарбоније дека го однел тимот уметници во смрт, бидејќи претерал со провокативните карикатури објавени во весникот.
Анри Русел, кој во 1970 година учествувал во создавањето на првиот број на „Шарли ебдо“ се обрати постхумно до Шарбоније со зборовите „Навистина ти замерувам за ова“, во колумна објавена во левичарскиот магазин „Нувел Обс“, пренесува „Раша тудеј“.
Русел (80), кој пишува под псевдонимот Делфејл де Тон, изјави дека Шарбоније бил неверојатен човек, но исто така и многу тврдоглав.
– Поради што чувствувал потреба да го турне тимот во претерување, прашува Русел, алудирјаќи на карикатурите на пророкот Мухамед, што весникот го објави на насловната страница во 2011 година.