Основачот на „Амазон“ Џеф Безос го купува весникот „Вашингтон пост“

Од:

Издавачката куќа „Вашингтон пост компани“ одлучи да ги продаде весниците, вклучително весникот „Вашингтон пост“, на основачот на компанијата за електронска трговија „Амазон“ Џеф Безос за 250 милиони долари.

Ваквиот чекор доаѓа во време на досега невидени предизвици на пазарот на печатени медиуми, кој се соочува со пад на продажбата и приходите од реклами.

Претседателот и извршниот директор на „Вашингтон пост“ Доналд Греам, чие семејство го поседува авторитетниот весник, изјави дека неговата иднина ќе биде подобра и побезбедна со нов сопственик.

Докажаниот технолошки и деловен гениј, Џеф Безос и неговиот долгорочен приод и лична посветеност го прават единствено најдобар нов сопственик на „Вашингтон пост“, истакна Греам.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски