Ослободeниот руски трговец со оружје Виктор Бут се приклучи на руската националистичка партија

Од:

Виктор Бут, рускиот трговец со оружје, кој беше ослободен во четвртокот по 14 години во американски затвор во рамки на размената за американската кошаркарка Бритни Грајнер, се приклучи на руската ултранационалистичка Либерално-демократска партија (ЛДПР), објави денеска нејзиниот лидер.

Во видеото објавено на Телеграм, лидерот на ЛДПР Леонид Слуцки, стоејќи на сцената до Бут, рече дека сака да му се заблагодари „за одлуката што ја донесе“ и му посака добредојде во „најдобрата политичка партија во денешна Русија“.

И покрај нејзиното име, ЛДПР од своето основање во 1991 година се залага за тврдокорна, ултранационалистичка идеологија и освојување на поранешните советски републики. Основана е од Владимир Жириновски, екстремен националист кој ветуваше полициска држава, смртна казна и укинување на демократијата во неговите неуспешни претседателски кампањи. Жириновски почина во април годинава.

Наречен „трговец со смрт“ и „пробивач на санкции“ поради неговата способност да ги заобиколи ембаргата за продажба на оружје, Бут беше еден од најбараните криминалци во светот до неговото апсење во 2008 година. Бут (55) продавал оружје на автократски држави, диктатори и бунтовнички групи во Африка, Азија и Јужна Америка.

Роден е во 1967 година во Душанбе, главниот град на тогашниот sоветски Таџикистан. Неговиот талент за јазици – зборува англиски, француски, португалски, арапски и персиски – му помогна да изгради меѓународна империја за продажба на оружје. Служел во советската армија каде, според него, го стекнал чинот поручник, а како воен преведувач служел во Ангола, земја која подоцна ќе стане клучна за неговиот бизнис.

Тој беше уапсен во 2008 година, во операција на американските власти, во луксузен хотел во Бангкок, додека се согласувал да продава оружје на американски агенти кои се претставувале како членови на колумбиската левичарска герилска група ФАРК. Тој беше осуден на 25 години затвор во судот на Менхетен во 2012 година и оттогаш руските власти се обидуваат да го вратат во земјата.

Тој се врати во Русија како дел од размената на заробеници меѓу Москва и Вашингтон, и беше разменет кошаркарката Бритни Грајнер. Таа беше уапсена на 17 февруари на аеродромот Шереметјево во Москва осудена на 9 и пол години затвор поради поседување помалку од грам масло од канабис.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ