Ослободени четворицата набљудувачи на ОБСЕ кои беа заробени од проруските сепаратисти

Од:

Четворицата цивилни набљудувачи на ОБСE, кои беа заробени од проруските сепаратисти во iсточна Украина, се ослободени.

Информацијата за нивното ослободување ја соопшти сепаратистичкиот лидер Алексеј Чмиленки, но таа засега не е официјално потврдена од ОБСЕ.

Чмиленко, кој е лидер на Народниот фронт во самопрогласената „Луганска Народна Република“, изјави дека инцидентот е предупредување за надворешни лица дека не треба да навлегуваат во реонот без претходна најава.

– Навистина, претходниот ден беше заробена група од четворица претставници на ОБСЕ. Потоа тие беа одведени во Луганск и им ги проверивме документите. Кога се потврди дека навистина се набљудувачи на меѓународната организација и не се занимаваат со организирање провокации, ги предупредивме да не се движат повеќе без соодветна документација и придружба, изјави Чмиленко.

Тој додаде дека во моментот претставниците на ОБСЕ се ослободени.

Би можело да ве интересира

Руската одбрана уништи украински беспилотни летала над Русија

„Њујорк тајмс“: Бројот на Севернокорејци во Курск е преполовен

Медведев: Опасно е Зеленски да биде реизбран, кловнот од Киев стана едноставно нелегитимен

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

(ВИДЕО) Часив Јар падна во рацете на руската војска по долга опсада

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски