Ослободена киднапираната Французинка во Јемен

Од:

Французинката Изабел Прајм, која вооружени напаѓачи ја киднапираа во февруари во јеменскиот главен град Сана, е ослободена, соопшти денеска кабинетот на францускиот претседател Франсоа Оланд.

– Нашата сонародничка Изабел Прајм е ослободена. Претседателот Франсоа Оланд сака да им се заблагодари на сите кои помогнаа да се дојде до овој резултат, а посебно на оманскиот султан Кабус бин Саид, се наведува во соопштението, без да се истакнат повеќе детали за нејзиното ослободување.

Прајм и нејзиниот јеменски преведувач беа киднапирани во Сана на 24 февруари на пат кон работното место, а преведувачот беше ослободен уште следниот месец.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен