Ослободен и последниот приведен во врска со нападот во Лондон

Од:

Британската полиција денеска соопшти дека го ослободила и последниот, 12-ти приведен во врска со нападот пред Парламентот во Лондон на 22 март.

Станува збор за 30-годишен маж од Бирмингем, кој беше приведен на распит поради сомнеж за поврзаност со нападот.

Според полицијата, против него, како и против остантите 11-мина претходно приведени, па ослободени лица, нема да бидат преземени дополнителни истражни мерки.

Претставник на полицијата претходно соопшти дека се верува оти извршителот на нападот во Лондон, Халад Масуд дејствувал сам, инспириран од идеологијата на исламистичките екстремисти. Полицијата тврди дека нема никакви докази оти Масуд бил поврзан со групата Исламска држава, Ал Каеда или некоја друга исламистичка организација.

Масуд при нападот прво со автомобил влета во група луѓе на мостот Вестминстер пред зградата на британскиот Парламент, по што со убоди од нож усмрти три лица, пред да биде убиен од страна на полицијата.

Би можело да ве интересира

Трамп мора да бара „дозвола“ од Лондон за да го купи Гренланд

Лондон: Полицијата го истражува случајот на ставање на дрога во пијалаци во зградата на парламентот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Сомнителен автомобил паркиран во трговска област во Лондон – наредена е итна евакуација

А1он

(ВИДЕО) Убиство во Лондон: Со нож е избодено 14-годишно дете, полицијата трага по напаѓачот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Крвав Божиќ во Лондон, полицијата вели не е тероризам

Пукање во Лондон, загина жена, двајца мажи се ранети