Осамениот Џорџ почина без наследство

Од:

Желката – џин Осамениот Џорџ по многубројните неуспешни обиди да добие наследник, почина вчера не оставајќи зад себе ниту еден наследник на својот род, соопшти преставник од Националниот парк „Галапагос“ во Еквадор.

Тој беше последниот примерок од неговиот вид и луѓетот го доживуваа како еден вид амбасадор на Еквадор, островот чија флора и фауна му беше инспирација на Чарлс Дарвин за неговата терија за еволуцијата.

Не е познато колку години имаше Џорџ, но научниците веруваат дека тој живееше околу сто години, што не е премногу долг животен век за една џиновска желка. Се претпоставува дека тие можат да живеат повеќе од еден век. За него очекуваа да живее најмалку уште неколку децении.

Различни женки му беа носени уште од 1972 година. Но, обидите да се прошири неговиот вид беа неуспешни.

Живеше во центарот за одгледување во националниот парк на островот Санта Круз, а неговото тело го пронајде чуварот.
Вулкански острови Еквадор ги прогласи за заштитени зони.

Таму живеат околу 20.000 џиновски  желки припадници на различни подвидови.

Би можело да ве интересира

На Галапагос забранета продажба и употреба на огномет

Наум Локоски

Вонредна состојба на Галапагос поради насукан брод со дизел гориво

Ана Ололовска