Организацијата за забрана на хемиско оружје фаворит за Нобеловата награда за мир

Од:

Норвешкиот Нобелов комитет денеска во Осло ќе ја соопшти одлуката за доделување на годинашната Нобелова награда за мир.

Лани наградата ја доби ЕУ, а овојпат како еден од најактуелните кандидати во медиумските шпекулации се споменува Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ), јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Доколку се потврди меѓународната организација ОПЦВ, која започна со уништување на хемиското оружје во Сирија, да ја добие Нобеловата награда за мир, одлуката за тоа би била неочекувана, но заднината е мошне актуелна. Работата која е во тек во однос на започнатото уништување на арсеналот хемиско оружје со кое располага Сирија, може да се толкува како мал зрак светлина во сложениот конфликт во таа земја.

Инаку, како кандидати за Нобеловгата награда за мир медиумите во последно време најмногу ја споменуваа 16-годишната Пакистанка Малала Јусафзаи, веќе наградувана за својата борба за правата на девојчињата и жените на образование во Пакистан.

Би можело да ве интересира

Белоруски, руски и украински активисти добитници на Нобеловата награда за мир

Ана Ололовска

Утре почнува неделата на соопштување на лауреатите на Нобеловите награди

Ана Ололовска

Европскиот парламент го номинира Зеленски за Нобелова награда за мир

Ана Ололовска

Повеќе од 300 кандидатури за Нобеловата награда за мир во услови на војна во Украина

Ана Ололовска

Атенборо, СЗО, НАТО, Навални и Тихановскаја меѓу кандидатите за Нобелова награда за мир

Ана Ололовска

Доделувањето на Нобеловата награда за мир за 2021 година ќе биде со лично присуство во Осло

Ана Ололовска