Организацијата на американски држави без завршна декларација за ситуацијата во Венецуела

Од:

Министрите за надворешни работи и претставници од државите од Организацијата на американски држави не успеаја да донесат заедничка декларација за ситуацијата во Венецуела по состанок на Постојаниот совет.

Средбата беше одржана во централата на ОАД во Вашингтон. На средбата имаше два проекта за завршната декларација.

Во текстот подготвен од Перу, Канада, САД, Мексико и Панама се упатува повик до властите во Венецуела да ги почитуваат правата на човекот и владеење на законите, да ослободат политички затвореници и да закажат избори. Вториот проект на членови на Карипската заедница, имаше исти такви повици, но не со толку критики кон Владата во Венецуела.

Учесниците одлучија дека двете декларации може да бидат обединети, но за тоа е потребно време.

Во април Венецуела објави намера да ја напушти таа организација обвинувајќи ја за мешање во внатрешните работи.

Венецуела е погодена од секојдневни антивладини демонстрации полни со насилства. Досега во нередите загинаа 69 луѓе, над 100 се повредени и речиси 3000 се приведени.

Нови демонстрации имаше синоќа при што полицијата употреби водени топови и солзавец за да растера десетици илјади демонстранти кои се упатија кон зградата на Министерството за внатрешни работи. Тие бараат нови избори и го обвинуваат претседтаелот Николас Мадуро за трицифрената инфлација, зголемениот криминал и недостигот од храна и лекови. Опозицијата го обвинува Мадуро дека ја води државата кон целосна авторитарност. Мадуро ветува дека ќе се реши кризата со специјално собрание кои ќе изготви нов устав.

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

„Економист“: САД се најголемата сила во светот, но Трамп не може да војува со сите

Четиричлено семејство загина во пожар во станбен комплекс во Канзас Сити

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина