Унгарија ја заврши втората ограда долж границата со Србија, соопшти премиерот Виктор Орбан за државното радио.
Орбан, исто така, кажа дека Европската Унија не треба да е многу критична кон Турција, откако самата изјави дека многу смета на соработката со Анкара за запирање на мигрантските приливи кон Европа, пренесоа британските медиуми.
-Втората ограда на границата има должина од 155 километри и височина од три метри и е во состојба да запре секакво трупање на луѓето, посочи тој.
Во врска со Турција, Орбан кажа дека „ откако таа е членка на НАТО, следствено на тоа таа е и на наш сојузник и ние треба да покажуваме соодветно почитување кон турскиот народ и неговиот претседате“.