Орбан: Западот на чело со САД се обидува да ја победи Русија, но не и да се вклучи во конфликтот

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека западниот свет, на чело со Соединетите Американски Држави, се обидува да ја победи Русија без директно да интервенира во конфликтот, „пуштајќи ги на Украинците да војуваат“.

„Западот сакаше да го искористи тоа како можност да ја ослабне, а потоа да ја порази Русија, наместо да се обидува да го изолира конфликтот и да ги намали последиците од војната, што е позиција за која се залага Унгарија“, рече Орбан за време на неговата посета на Германија.

Тој исто така посочи дека прашање е дали Украина на крајот ќе стане членка на НАТО, истакнувајќи дека Русите не сакаат да живеат „рамо до рамо“ со земја која е членка на НАТО алијансата.

Орбан оцени дека е безнадежно да се мисли дека Украина може да ја добие војната.

Тој додаде дека досега загинале стотици илјади руски и украински војници и дека милион деца „ќе растат во источниот дел на Европа“ без татко или со татко кој станал инвалид како последица на војната.

„Тоа ќе биде една генерација во ужасна состојба, со животен стандард што ќе биде со години зад остатокот од Европа и покрај ветената реконструкција“, додаде тој.

Кога станува збор за Унгарија, Орбан рече дека граѓаните не сакаат нивната земја да учествува во војната.

„Со генералниот секретар на НАТО (Јенс Столтенберг) беше постигнат договор дека Унгарија нема да учествува во мисијата на НАТО во Украина, ниту со пари, ниту со оружје, ниту со војници“, рече тој.

Премиерот ја нарече Унгарија „остров на мирот“ во однос на јавната безбедност, социјалната сигурност и војната.

„Во овој момент притисокот врз Унгарија да се вклучи во војната не доаѓа од НАТО, туку од Европа. Таа битка мора да се води во Брисел“, рече Орбан.

Во прилог на ова, рече Орбан, првиот човек на Европската народна партија, Манфред Вебер, има само една цел, а тоа е „да и наштети на Унгарија“.

„Го спречивме да стане претседател на Европската комисија во 2019 година. Се додека е таму, можеме да бидеме сигурни дека шефот на Европската народна партија е антиунгарски лидер“, рече Орбан.

Би можело да ве интересира

Орбан по средбата со Макрон: Некои земји од Западен Балкан чекаат 15 години за да влезат во ЕУ

Горан Наумовски

Германски полицаец загина, а друг е тешко повреден додека го обезбедувале Виктор Орбан

Горан Наумовски

Орбан: Западот сака воено да ја победи Русија за да го задржат богатството на Украина

Горан Наумовски

На Европа и се заканува „Трамп моментот“: Зошто изборите во ЕУ се многу важни

А1он

Орбан: Во Брисел во тек се подготовки за влез на Европа во војната

Орбан им ја честита изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и на Сиљановска-Давкова

Горан Наумовски