Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска оцени дека Европа не е слободна, бидејќи не смее да се спомне дека и се заканува наезда на мигранти.
– Денес, 168 години откако европските народи се бореле за својата слобода, Европа, наш заеднички дом, не е слободен. Европа денес не е слободна бидејќи слободата почнува со изговарање на вистината, а во денешна Европа е забрането да се зборува вистината, изјави Орбан на прославата на одбележувањето на унгарската револуција 1848/49 година.
Тој наведе оти „не ни е дозволено да кажеме дека на Европа и се заканува маса мигранти ниту мигрантите носат криминал и тероризам на нашиот континент“.
– На Европејците не им е дозволено да кажат дека бранот мигранти не е случајност, туку однапред планирана, контролирана акција, посочи унгарскиот премиер.
Тој додаде дека Брисел е презафатен со планирање на распоредувањето на странците ширум Европа.