Унгарскиот премиер Виктор Орбан му честиташе денеска на републиканскиот кандидат Доналд Трамп за изборната победа на претседателските избори во САД, порачувајќи дека демократијата е се уште жива.
– Колку прекрасни вести. Демократијата е се уште жива, објави Орбан на својот профил на Фејсбук.
Орбан во јули изјави дека плановите на Трамп за миграцијата и надворешната политика се од клучно значење за Унгарија.
Трамп е избран за 45. претседател на САД, победувајќи го својот противкандидат од Демократската партија, Хилари Клинтон.
Републиканецот со тоа го прекина осумгодишното владеење на демократите во Белата куќа. Тој на новата функција официјално треба да стапи на 20 јануари 2017 година.