Орбан во посета на Ватикан

Од:

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан на Фејсбук објави дека утре ќе го посети Ватикан и ќе има средба со папата Франциск.

Лидерот на владејачката партија Фидес на 3 април четвртипат беше избран за премиер. Тоа ќе биде прва посета на Орбан по реизборот.

Првите посети по трите изборни победи на Орбан беа на Полска, но сега Варшава и Будимпешта имаат различни ставови за руската инвазија врз Украина. Полска ја поддржува Украина, а Унгарија има понеутрален став.

Папата Франциско за време на неговата посета на Унгарија во септември минатата година се сретна со Орбан. Унгарските медиуми и политичарите кои го поддржуваат Орбан го нарекоа папата антихристијанин поради неговата поддршка за бегалците.

Орбан, кој е калвинист, тврди дека е бранител на „христијанска Европа“ од имигрантите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Куба почна да ослободува затвореници како дел од преговорите со Ватикан

Горан Наумовски

Кавгата меѓу Зеленски и Орбан предизвика руска реакција

Катерина Ѓуровски

Орбан: Светот ќе доживее драстични промени штом Трамп ја преземе власта

А1он

Орбан предложил, а Путин прифатил божиќно примирје

Зеленски: Се надевам дека Орбан нема да му се јави и на Асад

Орбан и се заканува на Европската унија доколку не се деблокираат средства за Унгарија

А1он