Орбан: Во Брисел во тек се подготовки за влез на Европа во војната

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека во Брисел се водат подготовки за влез на Европа во војната и додаде дека е неопходно зајакнување на одбранбените капацитети на Унгарија.

Орбан изјави за Радио Кошут дека „има некои алармантни сличности меѓу сегашното време и времето кога се подготвуваа за Првата и Втората светска војна“, пренесува агенцијата МТИ.

„Она што денес се случува во Брисел и Вашингтон, или во моментов повеќе во Брисел отколку во Вашингтон, создава атмосфера за можен воен конфликт, што би можеле да го опишеме како подготовка за влез на Европа во војната“, рече унгарскиот премиер.

Орбан исто така изјави дека поради тоа има потреба да се зајакне армијата бидејќи тоа само по себе може да ја одврати војната.

– Слабоста е најчеста причина за војни, затоа е неопходно да се има војска и војници, да се направат подготовки и да се зајакнат капацитетите за самоодбрана, изјави унгарскиот премиер.

Би можело да ве интересира

Орбан: Европа не е тоа што беше, иднината е во другите региони

Орбан тврди дека ќе бидат потребни најмалку 100 години за да се исправи историската грешка кон Русија

Орбан: АфД е иднината на Германија

Горан Наумовски

Орбан: Торнадото на Трамп го промени светот, десницата е иднината

Орбан: Путин, за разлика од Брисел, секогаш ги одржувал своите ветувања

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија