Орбан: Влезот на Украина во НАТО не е на дневен ред

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска по средбата со неговиот словачки колега, Роберт Фицо, во Братислава изјави дека влезот на Украина во НАТО не е на дневен ред, бидејќи, како што истакна, влезот на Киев во Алијансата би значел отворена војна против Русија.

Тој, исто така, рече дека брзиот пристап на Украина во Европската унија ќе ја уништи унгарската економија.

Според словачкиот сајт Ма7, Орбан нагласил дека нема одговор како Украина може да влезе во ЕУ, додавајќи дека Киев мора да покаже почит.

Словачкиот премиер Роберт Фицо истакна дека со Орбан разговарал за ситуацијата во ЕУ, Доналд Трамп, миграцијата и семејните прашања, велејќи дека во словачкиот Устав има само два пола: машки и женски.

-Имав спонтан, пријателски и содржински богат разговор со Орбан. Драго ми е што квалитетот на словачко-унгарските односи во моментов е на највисоко можно ниво, унгарско-словачкиот соживот не е политичко прашање. Се согласуваме, не само за настаните во нашите земји, туку и на меѓународната сцена. Наш избор се ЕУ и НАТО, но имаме право да бидеме критични, рече Фицо.

Би можело да ве интересира

Кавгата меѓу Зеленски и Орбан предизвика руска реакција

Катерина Ѓуровски

Орбан: Светот ќе доживее драстични промени штом Трамп ја преземе власта

А1он

Орбан предложил, а Путин прифатил божиќно примирје

Зеленски: Се надевам дека Орбан нема да му се јави и на Асад

Орбан и се заканува на Европската унија доколку не се деблокираат средства за Унгарија

А1он

Орбан: Русија стана „многу силна“, а Украина „многу слаба“

Горан Наумовски