Орбан: Унгарија зависи од руските енргенси и не може да се приклучи на забраната за увоз на нафта и гас

Од:

На Унгарија се уште и се потребни рускиот гас и нафта и земјата нема да се приклучи на САД, кои воведоа санкции за увозот на тие производи, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Оваа недела европската дипломатија „работи со полн капацитет“, напиша Орбан на Фејсбук, осврнувајќи се на вчерашната средба на лидерите на Вишеградската група со британскиот премиер Борис Џонсон, неговите денешни разговори со тројца европски шефови на држави и претседател на Европскиот совет Шарл Мишел и утрешниот состанок на Европскиот совет во Париз.

– Напорите се фокусирани на создавање мир… мораме да ја вложиме потребната енергија и да ги разгледаме економските последици, рече Орбан.

Тој посочи дека санкциите воведени кон Русија веќе создаваат сериозни последиците кои би можеле да станат страшни доколку се прошират и на увозот на руска нафта и гас.

Унгарија би била особено погодена, бидејќи 85 отсто од гасот во земјата и 64 отсто од нејзината нафта се увезуваат од Русија, а околу 85 отсто од унгарските домаќинства користат гас како примарен извор на енергија, предупреди Орбан.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија

Унгарија попушти, ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Горан Наумовски

Унгарија: Најмалку 20 училишта евакуирани по закани за поставени бомби

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина