Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека неговата земја ќе ја продолжи изградбата на гасоводот Јужен поток, додавајќи оти ако некој сака да го спречи проектот, мора да предложи алтернатива.
Орбан, на заедничката прес-конференција со српскиот премиер Александар Вучиќ во Белград, истакна дека предложил двете земји да се поврзат со мрежа за дистрибуција на енергијата. Орбан потенцира дека Унгарија е подготвена за таков проект.
– Унгарија ќе го изгради Јужен поток бидејќи со тоа ја подобрува својата безбедноста во енергетското снабдување и нема да дозволиме да дојдеме во ситуација Унгарија да зависи од Украина, посочи Орбан.